Во австрискиот ски-центар Ишгл, кој се смета за жариште на инфекција со коронавирус не само во Австрија, туку и во Европа, дури 42,4 проценти од населението имаат антитела.
Студијата на Медицинскиот универзитет во Инсбрук, во која учествувале околу 80 проценти од жителите на Ишгл, покажува дека уделот на тестирани лица кои се позитивни на антитела е околу шест пати поголем од бројот на лица претходно тестирани со PCR тестови.
Според раководителот на студијата, Доротеја фон Лер, 85% биле асимптоматски случаи заразени со коронавирусот и не ја ни забележале инфекцијата.
И покрај тоа, таканаречениот колективен имунитет не е стекнат во Ишгл, но, како што вели, може да се претпостави дека голем дел од населението е „заштитено“.