Старица од Велика Британија на 82-години добила возачка дозвола, пренесуваат медиумите.
Џозефина Шик која живее во близина на британскиот град Колчестер, одлучила да запише часови за возачка дозвола, затоа што сакала да има повеќе слобода и независност.
Инструкторката соопшти дека Џозефин е најстар возач во нејзината автомобилска школа.
„Таа едноставно имаше волја и беше подготвена да учи и да направи се што ја подучував. Јас ја третирав како и секој друг ученик“, порача таа.