81-годишниот Харисон Форд и неговата 22 години помлада сопруга Калиста Флокхарт привлекоа внимание на аеродромот во Лос Анџелес.
Имено, парот се вратил од викенд одмор во Монтана. Со нив бил и нивниот син.
Фотографите ги фатија Харисон и Калиста како се гушкаат и бакнуваат.
Потсетуваме, Харисон и Калиста беа во врска 21 година, а во брак 13. Претходно Форд беше во брак со Мери Маркарт од која се разведе во 1979 година, а во 1983 година се ожени со Мелиса Матисон од која конечно се разведе во 2004 година.