Поранешниот претседател на Руската Федерација Дмитриј Медведев брутално ѝ одговори на Германија.
Медведев, кој своите ставови ги искажува без извртување и без да бира зборови на Телеграм, а кој на Запад го следат и толкуваат со посебно внимание, овојпат имаше порака за шефицата на германската дипломатија, Аналена Бербок.
Официјален Берлин, како и другите западни земји, постојано ја обвинуваа Москва дека „ја користи храната како оружје“, а сега стигна и одговорот на Медведев.
– Германската министерка за надворешни работи вели дека Русија ја користи храната како оружје. Изненадувачки е да се слушне тоа од некој чија земја го држеше Ленинград под блокада 900 дена, кога 700.000 луѓе умреа од глад – напиша Медведев.