Можеби некогаш сте летувале во овие хотели во Грција, а сега можете да ги купите. Имено, околу 70 хотели на Халкидики ставени се на продажба од почетокот на пандемијата, пренесува тамошната агенција „Никана“.
Како што стои во објавата, сопствениците на поголемиот дел од хотелите се луѓе кои што примарно не се занимаваат со туризам, а овој потег секако дека веродостојно покажува колку коронавирусот ја потресе економијата ширум светот.
Цената на хотелите зависи од нивната локација, капацитетот на сместување на гостите како и годината на изградба на самиот хотел. Во објавата се издвоени некои интересни понуди.
Па така, доколку посакувате да вложите во туризам во Грција, може да купите хотел во Полихроно кој што е изграден во 1990-та година и има 41 соба – за само 2.1 милион евра.
Следниот туристички објект се наоѓа во Никити, има 25 соби, а поскап е од претходниот хотел за еден милион евра.
Понов хотел, кој што има 28 соби и се наоѓа во Касандра, ќе ве чини девет милиони евра, а објектот кој што е на самото крајбрежје во ова место има капацитет од 22 соби и чини 5.5 милиони евра.
Во рангот на поскапите хотели спаѓа хотелот кој што се наоѓа на плажата Ханиоти и кој што е изграден во 1968-та година и има капацитет од 130 соби, а неговата цена е 11.7 милиони евра.
Сепак, тоа не е најскапиот хотел во понудата. Хотелот „Палини“ во Касандра ја носи победата во конкуренција ‘најспак објект’ на оваа листа со цена од точно 12 милиони евра. Тој исто така е постар хотел, но е и најголем на оваа листа со капацитет од 150 соби.
Доколку малку ви се заврте во главите од овие бројки, на листата постои и нешто попристапна цена на хотел кој што е ставен на продажба. Тој има капацитет од 19 соби, изграден е во 2004-та година, се наоѓа во Палини, а ќе ве чини околу половина милион евра.
Извор: Блиц.рс