Српската актерка Лидија Вукичевиќ се прослави со улогата на заводливата Виолета во серијата „Бољи живот“ која се емитуваше од 1987 до 1991 година, а сега со своите пријатели на Инстаграм редовно споделува фотографии.
61-годишната актерка често објавува фотографии во бикини со кои се фали со својата фигура на тело, а во една прилика ја открила тајната на својот младолик изглед.
Инаку, актерката открила дека нема правено естетски зафати, но додала дека нема ништо против истите.