Заменик на градоначалникот на српскиот град Бор, Бранко Периќ (60), поднесе оставка откако една тинејџерка на возраст од 15 години на социјалните мрежи објави селфи на кое тој се бакнува со неа.
Периќ се правдал дека нема ништо спорно во фотографиите и дека само сакал да и се заблагодари на девојката, која одлично ја завршила работата со украсувањето на просториите. Девојката исто така тврдела дека немала ништо со него.
Српските медиуми пренесуваат дека според српските закони ова не подлежи на истрага и не е кривично дело, затоа што девојката има над 14 години и делото не е сторено против нејзина воља.