Хрватското обвинителство од градот Чаковец покрена обвинение против татко кој дозволил неговото 6-годишно дете толку да се опијани, што едвај го спасиле во болницата. Таткото бил пијан, па не забележал дека момчето пие од ракијата заедно со него. Набргу му се слошило на детето и било однесено со брза помош во болница, каде докторите му го спасувале животот.
Обвинителството го товари 31- годишниот татко за грубо нарушување на правата на децата зашто го довел во алкохолизирана состојба и не внимавал како 6= годишното момче од масата земало алкохол. Таткото ќе одговара кривично за запуштање на своето дете.