Советничката во Општина Крушево, Агапи Чункоска на возраст од 54 години почина од корона вирус.
Оваа вест е потврдена од страна на градоначалникот на Општина Крушево, Томе Христовски кој на својот Фејсбук профил додава дека секогаш ќе го паметат придонесот на Агапи Чункоска.
„Денес ја загубивме нашата сограѓанка, член на Совет на Општина Крушево, наставник и работник за влашката култура во Крушево. Коронавирусот ни’ одзеде уште еден живот.Секогаш да го паметиме придонесот на Агапи Чункоска во Советот, ООУ „Никола Карев“, но и генерално на Општина Крушево. Нејзината смрт нека биде поука за сите нас да ги почитуваме мерките и препораките за спречување од ширење на корона вирусот“, посочува Христовски.