Највозрасната сурогат-мајка во земјата, на 51 година на свет донесе близнаци. Таа се породи во болницата „Плодност“ во Битола-известува tera.mk .
Оваа интересна и необична приказна се однесува на мајката сурогат за сопствената ќерка, на која и беше извадена матката на само 16 годишна возраст. Мајката, веќе три години била во менопауза. Тимот на болницата „Плодност“ најпрво и го вратил месечниот циклус, а потоа со програмата на донор јајни клетки, и сурогат мајчинство, за нејзината ќерка донесе на свет две близначиња во 37-мата недела со елективен царски рез.
Сурогат-мајката лесно ја поднела бременоста и носењето на близначињата.
,,Оваа приказна е толку ретка, необична и можеби единствена на овие простори. Во светот постојат само неколку вакви примери, а кај нас, ова го може само уникатниот ивф тим на Болница „Плодност“, информираат од болницата „Плодност“ од Битола.