Две Македонки на возраст од 54 и 40 години ги довеле во заблуда здравствените работници во Србија, откако успеале да добијат потврда за вакцинација, иако не ја примиле вакцината. Тие ја напуштиле Спортската сала по лекарски преглед и добиле потврда за вакцинација, иако не беа вакцинирани.
Инцидентот се случил во саботата околу 12 часот во Спортската сала во Врање на главната точка за вакцинација во тој град, потврдиле за српски „Курир“ во Основното јавно обвинителство во тој град.
Според Миодраг Стојановиќ, портпарол на Основното јавно обвинителство во Врање, граѓанките на Северна Македонија биле запрени на граничниот премин Прешево, кога биле уапсени за поттикнување лажна содржина и сослушани, а потоа биле натерани да уплатат по 60.000 динари (500 евра) во хуманитарни цели.