50-годишна трудница роди здраво и живо бебе во Гинеколошката болница во Чаир – „Мајка Тереза“, дознава ТВ24.
Имено, жената 27 години се борела стерилитет.
Од болницата велат дека целиот медицински тим од лекари – гинеколози и сестри, целата бременост успешно ја третирале, мајката и бебето се добри и деновиве треба да ја напуштат болницата.
Ова, според статистиките на болницата, е највозрасната родилка регистрирана во болницата во скопски Чаир.