Кејт и Лила Мос моментално се на летна авантура на Ибица. Славните мајка и ќерка беа фотографирани од папараците додека уживаа на прекрасните песочни плажи на шпанскиот остров.
50-годишниот модел носеше костим за капење од Gottex, додека 21-годишната манекенка го истакна своето витко тело во темнокафеави бикини. На нејзиното тело повторно беа забележани сензорите за мерење на гликемијата, кои таа ги носи поради тоа што страда од дијабетес.