Кога детето ќе го повреди коленото, знае дека повредата треба да се третира со посебни препарати, но кога ќе има ментални тешкотии, тоа не знае дека и тој вид „повреди“ треба да се санираат.
– Она со што главно се среќавав во практиката беа чести случаи на зголемено ниво на стрес кај средношколците кога аплицираа за запишување на факултет. Сега во канцеларијата имам петгодишник кој се бори со анксиозно нарушување и зголемен стрес – наведува Кати Харли, детски психотерапевт.
Порталот „HuffPost“ разговарал со експерти по детска психологија и психијатрија за тоа како на децата треба да им се предочи значењето на менталното здравје.
Тие предложиле пет едноставни начини кои им помагаат на децата да ги покажат емоциите на вистинскиот начин, да се чувствуваат сигурно и да водат сметка за менталното здравје како што водат и за физичкото.
1. Пробајте го методот „Емоционален вулкан“
Харли истакнува дека ја користи оваа метода кога зборува со децата и со нивните родители. Таа на бела табла црта вулкан и им објаснува дека секој доживува различни чувства во текот на денот и дека чувствата што нема да ги изразиме остануваат во вулканот, па нивниот интензитет расте сè повеќе додека не се случи експлозија. Тоа е моментот кога детето ќе почне да плаче, да ги шутира и да ги фрла работите.
Многу родители сметаат дека ваквото однесување е резултат на некое нарушување, а всушност се работи за потиснати емоции што не ги обработиле. Затоа е важно да ги научиме своите деца да зборуваат за своите емоции.
2. Бидете отворени и за вашите проблеми
Голем број студии го потврдиле влијанието на социјалните медиуми и видеоигри врз детското однесување, расположение и сонот. Се советува воведување на правила за забрана за користење телефони за време на оброците или играње игри пред спиење.
Исто така, важно е и вие на детето да му ја покажете вашата чувствителност за и тоа да сака со вас да сподели некој свој проблем.
Можете да кажете: „Денес имав проблем на работа, не сум сигурна дали се носам добро со него, но давам сè од себе“.
Извор: Деца.мк