Петгодишната Андреа Костовска од Струга собра 7.912 денари во својата хуманитарна акција за Стефан Ивановиќ од Скопје. Малечката Андреа деновиве продаваше “ладни сокчиња за топли срциња“ во чаршијата во Струга, а собраните пари ќе бидат уплатени на сметката на Стефан кој боледува од церебрална парализа.
Стефан Ивановиќ боледува од тешка болест, а живее без струја, бидејќи долгот од 4.000 евра, не може да го плати. Тој од неодамна живее и без својата мајка која починала пред еден месец.
Секој денар е добредојден за Стефан. Ако сакате и можете да му помогнете неговата сметка е: Стопанска Банка: 20002892730306 ( мкд сметка) Iban: Mk07200003261742653 SWIFT-STOBMK2X Стефан има потреба и од малку храна претежно сува бидејќи нема каде да готви. Кој колку може нека помогне. Стефан може да го добиете на 072/512457.