Популарниот рокер Џон Бон Џови важел за еден од најголемите миленици на девојките во текот на 80-тите, а тој многу млад, на врвот од славата се оженил со својата долгогодишна девојка.
Музичарот и неговата љубов уште од средношколските денови, Доротеа Харли, се венчале во 1989 година и добиле четири деца, а за многумина биле пример дека во светот на рокенролот можно е да се зачува долговечен и среќен брак.
Меѓутоа, пред неколку денови Џон Бон Џови признал дека „не бил светец“.
„Секогаш ги има тие прекрасни клишеа во славата“, изјавил за „The Independent“ пејачот, па додал: „Станува збор за тоа дека никогаш не лажете за да бидете светец, но не сте биле ниту таква будала да го уништите бракот“.
Веднаш по објавувањето на ова интервју, Доротеа Харли не се појавила на специјалната проекција на документарниот филм за нејзиниот сопруг „Thank You Goodnight: The Bon Jovi Story“, а наводно причината не била нејзиното лутење туку заради тоа што била заразена со коронавирус и била во карантин.
Во меѓувреме, рокерот продолжил да дава интервјуа, па така за „ABC“ повторно зборувал за своите неверства и истакнал дека „не кажал дека во неговиот живот немало над 100 девојки“.
„Јас сум рокенрол ѕвезда. Јас сум Џон Бон Џови. Беше прилично добро“, се пофалил тој и објаснил дека неговата сопруга „не се плаши да го прозива поради нешто“.
„Таа е тука и кога паѓам. Јас сум тука кога таа ќе падне. Без оглед на тоа каде сум одел во текот на кариерата, низ издигнувања и падови, поминувавме заедно по патеките“, изјавил музичарот.
Џон и Доротеа почнале да се забавуваат во 1980 година кога биле 18-годишни, четири години пред бендот Бон Џови да го објави првиот албум.
Тие накратко раскинале во 1985 година, а потоа се смириле и венчале во Лас Вегас во 1989 година.