41-годишниот д-р Дашмир Дервиши од тетовското село Боговиње ја загуби битката со Ковид-19.
Трагичната вест за матичниот лекар ја соопшти и градоначалникот, Албон Џемаили.
„Многу ми е жал што пишувам за веста што сите ги слушнавме, за смртта на докторот Дашмир Дервиши, кој исто така беше мој сограѓанин. Се чувствувам многу тажно од оваа вест. Преку оваа порака им го пренесувам моето искрено сочувство на семејството и роднините на нашиот пријател“, напиша Џемаили на Фејсбук