Еден српски бизнисмен е подготвен да му искешира 400.000 евра на холивудската ѕвезда Бред Пит, за присуствува на забава и на работен состанок во Белград. Ако прифати, холивудскиот шармер во српската престолнина би дошол во септември и за 24 часа ќе си добие дури 400.000 евра.
Како што објави курир.рс , преговорите траат веќе со недели и до крајот на месецов ќе биде познато дали е договорот постигнат и на кој датум глумецот би дошол во српската престолнина. Ако се биде во ред, Бред Пит би пристигнал наутро во Белград, а веќе наредниот ден би си заминал.
Инаку, ова би била втора посета на Бред Пит на Белград. Тој како анонимен глумец пред речиси триесетина години бил да го посети режисерот Божидар Николиќ со кого претходно во Будва го снимаше филмот “Мрачната страна на сонцето“, а во кој мајка му беше Милена Дравиќ. Тогаш Бред бил и на натпревар на Маракана.
фото: Курир.рс