Српскиот тренер Синиша Михајловиќ се лекува од леукемија, а успеа да стане од болничкиот кревет и да седне на клупата на Болоња против Верона (1-1). Михајловиќ ќе успее да се врати толку брзо на фудбалскиот терен и да го исполни ветувањето дадено на неговите фудбалери.
„Газета дело Спорт“ објаснува што се случило и како Миха излегол од болница.
„Ветив дека ќе бидам со вас. И овде сум. За некои сум будала што излегов од болница. Но, сакав да бидам тука“, кажал Михајловиќ.
Во текстот се открива дека докторите го советувале српскиот тренер дека не смее да ја напушти болница, зашто тоа е ризично.
„Михајловиќ во последните 40 дена помина вистински пекол во соба 3 на 3 метри и тоа слушајќи го звукот од алармот на машината, која предупредува за крај на хемотерапија и останати работи. Миха плачеше од бес, но потоа им порача на докторите дека ќе стане од кревет… Првите денови се подготвуваше за тоа што ќе се случи подоцна: шишање на косата која мораше да падне и која веднаш почнува да расте. Тоа беше прв знак дека неговот тело се бори против болеста“, открива италијанскиот медиум.
Bologna manager Sinisa Mihajlovic left the hospital after 40 days to be on the sidelines when his team face Hellas Verona today.
(via @DAZN_IT) pic.twitter.com/doIQBfLSMv
— Photos of Football (@photosofootball) August 25, 2019