Скоро 40 милиони долари влегоа во Србија за да помогнат во соборувањето на поранешниот претседател на СРЈ, Слободан Милошевиќ, сведочат некои американски официјални претставници .
Не само тоа, целата приказна ја вклучува и американската разузнавачка служба ЦИА, која заедно со американската администрација, но и локалната опозиција, работеше со сите сили да му стави крај на Милошевиќ, што на 5 октомври 2000 година и се случи.
Текстот објавен од „Forin afers“, потпишан од Дејвид Шимер, а кој се занимава со мешање американската разузнавачка агенција ЦИА во изборите, дава детали и сведоштва на одредени функцинери на агенцијата, како и што е направено тогаш, се со еден целта – соборување на Слободан Милошевиќ.
Во текстот, авторот наведува дека Леон Панета, шеф на кабинетот на Клинтон од 1994 до 1997 година, му кажал дека Милошевиќ се гледа како негативец со лошо влијание и некој кој „ќе го сврти тој дел од светот наопаку“ доколку не се преземат конкретни чекори со него. Изборите во 2000 година беа можност за тоа.
“Не знам дека јавно кажавме дека нашата цел е промена на режимот – рече Џејмс Обрајан, тогаш специјален пратеник на Бил Клинтон за Балканот, истакнувајќи дека „не видовме дека Милошевиќ може да води нормална земја“.
Се наведува дека од средината на 1999 година до крајот на 2000 година, јавни и приватни американски организации потрошиле околу 40 милиони американски долари на разни програми во Србија, поддржувајќи ја не само опозицијата на Милошевиќ, туку и независните медиуми, граѓански организации и иницијативи кои повикуваат на гласање.
“Преку овој отворен ангажман, Соединетите држави имаа за цел да изградат изборно игралиште во кое Милошевиќ беше подготвен да манипулира – објасни Обрајан.
Исто така, се наведува дека Стејт департментот, USAID и невладините организации финансирани од САД го сториле тоа јавно, но дека ЦИА го сторила тоа во тајност.
Некои работеа во јавност, а други во тајност.
Авторот на текстот исто така наведува дека Џон Кифер, некогаш оперативен службеник на ЦИА, му рекол дека помеѓу 1991 и 2014 година знаел само за една „успешна“ операција на оваа организација за мешање во избори – во Србија во 2000 година.
„Човекот беше воен злосторник“
Во едно интервју, Клинтон потврди дека ја овластил ЦИА да се меша во изборите во 2000 година во корист на противниците на Милошевиќ.
“Немав никакви проблеми со тоа – тој ми кажа за скриените постапки на ЦИА, затоа што Милошевиќ „бил ладнокрвен убиец, кој предизвика смрт на стотици илјади луѓе“.
“Исто како што американските претседателите за време на Студената војна веруваа дека можат да ги зајакнат странските демократии со поткопување на комунистичките кандидати, Клинтон веруваше дека тие можат да ја зајакнат српската демократија работејќи против Милошевиќ, се вели во текстот.
Исто така се наведува дека Клинтон за Милошевиќ рече дека „човекот бил воен злосторник“ и дека не го смета за кандидат за демократија, туку дека се обидува да се ослободи од него.
Во Србија, ЦИА се фокусираше на влијанието врз умот, а не на промена на гласачките ливчиња.
“Ние свесно не ги лажевме гласачите за да ги принудиме да ги поддржуваат луѓето за кои се надевавме дека ќе победат, објасни Клинтон.
Лидерите на конгресот знаеја за планот
Наместо тоа, ЦИА обезбеди пари и друга помош за кампањата на опозицијата. Лидерите на конгресот го познаваа и поддржуваа овој таен план.
Трент Лот, водачот на мнозинството во Сенатот, потсетува дека сесрдно ја поддржувал операцијата ЦИА.
-Милошевиќ беше целосно надвор од контрола. Нема да упаднеме, но беше хаос и моравме да сториме нешто – рече Лот.
Претставници на ЦИА, за разлика од другите владини претставници на САД, можеле да работат во тајност.
-Поради природата и начинот на кој работиме – објасни Даглас Вајс, тогашниот оперативен директор на ЦИА со седиште на Балканот.
Тој, исто така, рече дека учеството на американската разузнавачка агенција на изборите било „значајно“, додека Вашингтон ги искористи „сите инструменти на нашата национална моќ за да создаде резултат што беше соодветен и наколонет за САД“.
ЦИА интервенирала двапати, во Србија и Ирак
За Вашингтон „изборната манипулација“ стана „последно средство“, додаде Вајс, а српскиот случај е „целосен исклучок“, делумно заради злосторствата на Милошевиќ, а делумно заради „приемчивата“, „веродостојната“ и „привлечната“ природа на опозицијата.
За вакви случаи, Вајс опуштено тврдеше: „целите ги оправдуваат средствата … ризикот е дека може да направите нешто во очите на некои што не е американско“.
Авторот исто така наведува дека, кога го прашал Клинтон зошто е спроведена тајна акција во Србија, тој едноставно рече: „Има праг на смрт, а Милошевиќ го премина“.
Текстот исто така наведува дека ЦИА се мешала во избори во некои земји двапати во 21 век, а една била Србија во 2000 година и Ирак во 2005 година.