Познато е дека симптомите на коронавирус вклучуваат треска, губење на мирис и вкус и кашлица, но исто така ризикувате ако ги развиете следниве симптоми во стомакот: дијареја, гадење, повраќање и губење на апетит.
Специјалистот за заразни болести од Велика Британија, д-р Вилијам Маршал, предупредува на овие четири нови симптоми и вели дека треба веднаш да се јавите кај доктор доколку ги чувствувате.
“Ковид-19 може да предизвика гастроинтестинални симптоми, вклучувајќи губење на апетит, гадење, повраќање и дијареја. Овие симптоми можат да траат само еден ден и обично се појавуваат пред треската и респираторните симптоми”, велат лекарите од Велика Британија, додавајќи:
“Симптомите на Ковид-19 можат да се појавуват два до 14 дена по изложеноста на вирусот и може да варираат од лесна до тешка клиничка слика “.