Четири месечно бебе од Кочани е позитивно на коронавирусот и во моментов е хоспитализирано на клиниката за инфективни болести, тврди за тв 24 неговата мајка – Александра Георгиева, која пак се уште ги чека резултатите од нејзините тестови за да се види дали и таа е позитивна на вирусот, иако засега вели дека нема никакви симптоми.
Според мајката, бебето откако прво било лекувано во Кочани и Штип, потоа било препратено во Детската болница Козле каде му била направена рентген снимка која покажала дека има воспаление на белите дробови и по што му направиле тест за ковид 19 кој се покажал позитивен.
Претходно најмладиот пациент со Ковид 19 имаше две години.
Министерот за здравство Венко Филипче, на една од претходните прес конференции запрашан за тоа како коронавирусот ги афектира новороденчињата, рече дека во научните студии досега не е пронајден случај на вертикална трансмисија на вирусот од мајката на бебето.