Британската полиција соопштила дека верува дека камионот во кој биле пронајдени 39 човечки тела, во Пурфлит со траект пристигнал од Белгија. Од полицијата на Есекс претходно било соопштено дека камионот пристигнал од Бугарија, но од бугарското министерство за надворешни работи соопштено било дека возилото во Бугарија е регистрирано на 19. јуни 2019 година и дека ја напуштило земјата ден подоцна.
Од Министерството истакнале дека возилото припаѓа на компанија која е во сопственост на жена од Ирска.
Инаку, во ладниот контејнер и без воздух, 39 -те мигранти немале шанси да преживеат. Тие не можеле да се спасат и никој не можел да ги слушне нивните повици за помош.
„Дејли меил“ пишува дека 38 возрасни и тинејџерка полека замрзнувале до смрт во ужасни услови додека се обидувале да стигнат до Велика Британија на товарниот брод од Белгија. Наводно, замрзнувачот во којшто, доколку работел, имало температура од -25 степени, се користел за превоз на бисквити. Мигрантите биле таму најмалку 15 часа пред да бидат пронајдени мртви во Есекс. Но, можно е и тие да биле во ладилникот многу подолго. Полицијата истражува дали мигрантите сами влегле во ладилникот или ги шверцувале во Британија. Контејнерот беше ставен во авионот во вторникот и заминал околу 14 часот.
Уапсен бил возачот на камионот, државјанин на Ирска, 25-годишниот Мо Робинсон, кој е осомничен за убиство.
Заменик шефот на полицијата Пипа Милс изјавила дека прв приоритет е идентификување на жртвите, но дека се очекува тој процес долго да потрае.