Интернетот се вжешти по објавувањето на видеото во кое млад човек, преправен во просјак, влегува во продавница на Apple и бара да купи iPhone 15.
Тој со себе донесе вреќа со монети, а реакцијата на сопственикот воодушеви милиони .
Овој социјален експеримент бил организиран од тимот на YouTube каналот „Experiment King“ во индискиот град Џодпур.
Лажниот просјак посетил неколку локали, но во повеќето не успеал да влезе. Други му рекле дека не прифаќаат метални монети.
Потоа наишол на сопственик на продавница кој ја исполнил неговата желба, пренесува Times Now News.
Откако го испразнил џебот и ги изброил парите, „просјакот“ добил скап телефон, а сопственикот го чекало изненадување.
Видеото стана вирално со молскавична брзина! Досега го погледнале 34 милиони луѓе, со 3,4 милиони лајкови.
Многу корисници не верувале во приказната, сметајќи дека е инсценирана, најмногу поради фактот што „просјакот“ бил следен од камера.
Без разлика, сопственикот на продавницата добил бројни пораки за поддршка.