Триесет и двегодишен Македонец викендов бил убиен од страна на двајца Еритрејци во германскиот град Есен.
Тамошните медиуми пренесуваат дека смртоносниот напад се случил среде центарот на градот. Македонецот бил толку многу претепан, што починал од повредите. Како оружје за убиство користеле шише од пиво.
Во саботата вечерта, околу 2 часот по полноќ, двајца Еритрејци, едниот на 25 години, другиот на 29 години, првично се расправале со Македонецот, но расправијата прераснала во брутална тепачка. Според информациите на тамошните медиуми, Еритрејците го тепале Македонецот со пивско шише додека тој не колабирал. Осомничените сторители потоа побегнале кон главната железничка станица.
Сведок му пружил прва помош и се обидел да го реанимира повредениот, кој веќе бил во несвест – но без успех.
„Тој беше однесен во болница, но таму почина по кратко време поради сериозните повреди“, изјавил портпаролот на полицијата.
Поради добриот личен опис на сведокот, полицијата успеала да уапси еден осомничен (25) на железничката станица во Есен, а другиот (29) на железничката станица во Милхајм.
Се уште е нејасно за што се расправале тројцата мажи. Комисија за убиство сега го истражува случајот под раководство на јавното обвинителство во Есен.