Во изминатите 24 часа се регистрирани 30 нови случаи на заразени со коронавирус во земјата, соопшти Министерството за здравство. По градови, 12 од новозаразените се од Скопје, 8 од Куманово, 9 од Прилеп и едно лице е од Крива Паланка.
Со ова вкупниот број на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во Македонија изнесува 384 лица.
Според местото на живеење, случаи на лица заразени со новиот коронавирус се регистрирани во:
-Скопје – 195
-Куманово – 62
-Дебар – 47
-Штип – 15
-Прилеп – 21
-Тетово -13
-Струга – 9
-Велес – 6
-Битола – 4
-Охрид – 3
-Кавадарци – 2
-Гостивар – 1
-Гевгелија – 2
-Струмица- 1
-Крива Паланка – 2
-Кочани – 1
Од Министерството додаваат дека во текот на изминатото деноноќие се направени 342 теста, од кои преку ИЈЗ – 177, преку Ветеринарен факултет – 20, преку Авицена – 21, преку Биотек – 24, Филип Втори (Жан Митрев) – 100.
Вкупниот број на тестирања на Ковид-19 досега изнесува 4.117.