Иако никогаш не можеме да знаеме што ќе ни приреди судбината, можеме да донесеме некои претпоставки според астрологијата. Погледнете кои 3 хороскопски знаци би ви одговарале најмногу според вашиот знак.
Овен: Лав, Стрелец или Близнаци
Полни со енергија и страст, вие не можете да бидете врзани и потребна ви е личност која нема да заостанува додека се движите напред. Вашиот партнер треба да може да го издржи вашето темпо. Понекогаш ги плашите другите знаци кои не се доволно силни да издржат колку вас.
Бик: Јарец, Девица или Риби
Поради вашата тврдоглавост и вашиот лош темперамент, вие не сакате промени и изненадувања. Сакате вашиот партнер да биде постојан и непроменлив за да знаете што би можел да направи. За да бидете среќни, неопходно е да имате контрола над настаните околу вас.
Близнаци: Вага, Водолија или Овен
Толку сте полни со енергија што другите мислат дека никогаш нема да се изморите. Благодарение на таа енергија, никогаш не можете да се фокусирате на едно нешто подолго време. Ако вашиот партнер ја нема истата енергија, ќе се сруши. Вие сакате партнер кој ќе биде страстен и љубопитен, исто како вас.
Рак: Јарец, Девица или Бик
Поради вашите нежност и чувствителност, вие се грижите за сите околу вас. Добрината и топлината ве опкружуваат како аура што ги привлекува другите кон вас. Но додека се грижите за другите, заборавате на себе, па потребен ви е партнер кој ќе го прави тоа за вас.
Лав: Вага, Риби или Овен
Вие сте познати по вашата сила и доминантност и не се двоумите дали да кажете што точно мислите и чувствувате. Понекогаш на другите им е навистина тешко да се справат со вас. Вашиот партнер треба да бие личност која може да ви даде простор да бидете свои, а истовремено да биде доволно силен да се справи со вас во лошите периоди.
Девица: Бик, Јарец или Рак
Понекогаш вашата чувствителност ве заморува и потребен ви е партнер кој ќе ве и разбира вам и вашите потреби. Покрај тоа, партнерот треба секогаш да биде до вас бидејќи и вие би го направиле тоа за него.
Вага: Водолија, Близнаци или Лав
Каде и да одите, вие сте најпопуларната личност. Хоби ви е да ги собирате оние луѓе со убавина, харизма и шарм, па овие три знаци се совршени за вас. Ако им недостасува што било, ќе ви станат здодевни и брзо ќе ги напуштите.
Скорпија: Скорпија, Рак или Риби
Бидејќи постојано барате нова авантура, потребен ви е партнер што може да ве забавува за да не ви стане здодевно. Смртно сте исплашени од монотонијата и постојаните рутини, па покрај вас сакате личност која ќе ви го направи животот возбудлив.
Стрелец: Близнаци, Овен или Стрелец
Вие сте роден истражувач и нема да останете со личност која предолго ве држи на истото место. Најголема желба ви е слободно да истражувате сè што може да ви понуди животот. Ова го може само личност која е полна со ентузијазам колку и вие.
Јарец: Бик, Девица или Рак
Иако одлично знаете да си го организирате времето, тоа значи дека сте навистина зафатени. Бидејќи вашите соништа се преголеми, понекогаш се обидувате да направите повеќе отколку што можете. Потребен ви е партнер којшто ќе ве забави за да не се срушите од преголемиот број обврски.
Водолија: Близнаци, Овен или Вага
Вие сте личност која е одлична за дружење. За жал не можете да го кажете истото за повеќето луѓе што ги сретнувате, па потребен ви е партнер којшто е интелигентен колку и вие. Ако не може да ви го задржи вниманието, наскоро ќе го напуштите.
Риби: Девица, Рак или Скорпија
Она што го сакате најмногу е партнер кој ќе ја разбере вашата чувствителност и кој ќе се грижи за вас. Бидејќи не сте познати по вашата ментална сила, на вашиот партнер често му е тешко да ви помогне да си го најдете патот надвор од лавиринтот со проблеми.