Познат кардиохирург смета дека движењето е клучно за здравјето, како и балансираната исхрана, а на жените никако не им препорачува да држат диета
Овој кардиоваскуларен хирург се прославил по својот остар и реален пристап кон пациентите.
„Луѓето немаат намера да си го зачуваат здравјето, а потоа три дена пред смртта ме прашуваат како би можеле да живеат здраво. Тогаш, јас им велам: ‘Најдобро потури се со песок и почни да се навикнуваш на земјата’“.
Еве некои негови совети за подобро здравје што несомнено ќе ве освестат…
- „Пешачете секој ден, тоа е бесплатен лек!“ – Постојано ја нагласува важноста на физичката активност, особено на пешачењето, за зачувување на здравјето.
- „Не прејадувајте се, јадете помалку, но поквалитетно!“ – Тој смета дека прекумерното консумирање храна го оптоварува организмот и го скратува животот.
- „Водата, пешачењето и насмевката се клучот за здравјето!“ – Тој ги поттикнува луѓето да пијат доволно вода, да бидат активни и позитивни.
- „Нема магични таблети, здравјето се гради со навики!“ – Го критикува потпирањето на лекови наместо на здрав начин на живот.
- „Ако не го покренеш телото, ќе те покрене болеста!“ – Предупредува на опасноста од седентарниот начин на живот.
Совети на докторот за сите жени:
Движењето е клучно
„Жени, пешачете! Тоа најдобриот лек за здравје, убавина и долговечност.“ Нагласува дека жените не треба да се потпираат само на диети, туку треба редовно да пешачат и да бидат физички активни.
Не гладувајте, но паметно одбирајте ја храната
„Диетите не се решение. Треба да јадете помалку, но квалитетно!“ Препорачува балансирана исхрана со многу зеленчук, овошје, протеини и здрави масти, наместо ригорозни диети што го нарушуваат здравјето.
Хормони и стрес – внимавајте на нив
„Стресот убива! Жените честопати премногу се грижат, а тоа ги уништува хормоните и здравјето.“ Ги советува жените помалку да се нервираат, повеќе да се смеат и да внимаваат на хормоналната рамнотежа преку здравиот начин на живот.
Мускулите се важни и за жените
„Не плашете се од тегови, жените со мускули се здрави и силни!“ Ги охрабрува жените да прават лесни вежби за сила, за да ги зачуваат мускулите и да спречат остеопороза.
Убавината доаѓа однатре
„Нема кремови што можат да ги заменат здравата крв и добрата циркулација!“ Смета дека здравиот начин на живот, хидратацијата и физичката активност се најдобриот рецепт за младешки изглед.
