Пред 29 години се случи веќе легенданиот инцидент на “Максимир” во Загреб и тепачката помеѓу навијачите на Динамо, Црвена Звезда и полицијата што е окарактеризиран како прв судир и увод на граѓанската војна во поранешна Југославија, која официјално започна една година подоцна.
Некогаш “делија”, а сега претседател на Србија, Александар Вучиќ беше меѓу навивачите на Црвена звезда, кои тој 13 мај 1990 година ги предводеше озлогласениот Жељко Ражњатовиќ-Аркан. Потсетувајќи се на немилите настани во интервјуто за “Време”, Вучиќ истакна дека не верува во приказните оти војната почнала на “Максимир”.
– С што се случи тогаш не беше никакво изненадување. Ние живеевме за овие мечеви и секогаш можеа да се очекуваат тепачки во Загреб. Не верувам дека војната почнала на “Максимир”, овој меч само покажа какви беа односите во општеството. Судири на навивачи се нормална работа, а фудбалот е одраз на она што се случува во една држава. Навивачите на Звезда тогаш се чувствуваа многу моќно, се креваше српскиот национализам и н имаше во голем број. Се чувствуваше искрена омраза и од двете страни се слушаа најужасни песни против другите – рече Вучиќ, кој тогаш имл само 20 години.
А тој пролетен 13-ти мај, 1990 години ни малку не навестуваше дека тоа ќе биде денот кој по многу историчари и политички аналитичари започна војната во бивша Југославија, а особено, дека тоа ќе се случи на фудбалски натпревар, како што беше првенствениот меч помеѓу Динамо и Црвен Звезда. Натпреварот во Загреб не се доигра и започна со масовна тепачка на јужната трибина каде беа сместени гостите од Белград, популарните “Делии”, по што следеше инвазија од страна на “Бед Блу Бојс” на теренот, каменување и на крај пресметка со полицијата до доцна навечер.
Главен лик на тогашната “револуција” на средбата која остана запаметена по масовниот хаос во Загреб беше Звонимир Бобан, кој со карате удар го кутна полицаецот Рефик Ахметовиќ и стана симбол на одбраната на Хрватска. Всушност тој кунг-фу удар кога Бобан го одбрани навивач на “модрите” стана мит и беше окарактеризиран како почеток на распадот на СФРЈ, односно, најава за крвавата граѓанска војна која ќе започна во септември, во Словенија.
– Повторно би го направил истото – изјави Бобан во едно интервју и додаде:
– Тоа го направ од идеализам и поради тоа што полицијата ги тепаше нашите навивачи. “Делиите буквално” го уништија нашиот стадион, а нив полицијата не ги тепаше. Тогаш видов како полицаец тепаше едно млади момче и не можев да се воздржам да не реагирам- рече Бобан кој пред неколку години се смири со полицаецот Ахметовиќ, кој потоа признал и дека имал наредби дури и да употреби огнено оружје против разулавената маса, што како наредба ја одбил.
– Се беше тоа режирано. Ако мечот се играше, сигурен сум дека ќе имаше жртви. Ме наговараа да пукам, но јас не сакав. Имав наполнет пиштол и можев лесно да го убијам Бобан. Ако ме удреше и по трет пат, сигурно ќе пукав во него. Тој ме нападна на работно место, но тренерот Јосип Куже го спаси. – рече Ахметовиќ кој поради дуелот со капитенот на Динамо доби прекар Бобан.
Национализмот на голема врата беше навлезен меѓу тврдокорните навивачи. Хрватите ја дочекаа Ц. Звезда со усташки пароли, понесени од доаѓањето на ХДЗ и на првиот хрватски претседател Фрањо Туѓман. “Делии”, пак, дојдоа во уривачки поход, еднакво подговтени со провокации на национална основа, со четнички песни и со воениот злосторник Жељко Ражњатовиќ – Аркан.
Малкумина знаат дека инцидентот меѓу навивачи започнал уште утрото во околината на стадионот.
– Дојдовме во Загреб како претходница за да им јавиме на другите што планираат да дојдат каква е ситуацијата. Уште во осум часот почна тепачката во околината на максимарската шума. Тие беа 200 а 30 – рекол тогашниот водач на звездините навивачи “Делии”.
– Ние во Загреб прв пат пеевме четнички песни, но и песни против Милошевиќ, а за тоа време поради такво нешто се одеше затвор – раскажува еден од навивачите “Делии”.
Инаку, За Хрватска, мечот имаше историско значење. Тоа е почеток кога Хрватите покажаа отпор, кога тргнаа во битка за независност. За Србија, пак, дуелот е почеток на сепаратизмот во СФРЈ, кој ќе кулминира со крвава војна.
Сведоци на настаните на “Максимир” беа и двајца Македонци, Дарко Панчев и Илија Најдоски, кои играа во Црвена Звезда и една година подоцна, на 29 мај 1991 година, станаа европски шампиони.