Мариус Борг Хоиби, 28-годишниот син на норвешката принцеза Мете-Марит, е осомничен за вкупно 23 кривични дела, вклучувајќи три обвиненија за силување, потврди денеска норвешката полиција по завршувањето на 10-месечната истрага.
Мариус е син на принцезата Мете-Марит од нејзината врска пред нејзиниот брак со престолонаследникот Хакон, а норвешкото кралско семејство сè уште официјално не ги коментирало обвинувањата.
Тој беше уапсен за насилство врз девојка, а потоа следеа низа извештаи.
Истрагата започна на 4 август 2024 година, кога Хоиби беше уапсен под сомнение за физички напад врз неговата тогашна девојка. Набргу потоа се појавија бројни нови обвинувања, поради што случајот привлече големо внимание од јавноста и медиумите.

Според полицискиот адвокат Андреас Крушвески, истрагата сега е завршена, а случајот е проследен до обвинителството, кое ќе одлучи дали ќе бидат поднесени обвиненија.
За што е обвинет?
Според норвешката полиција, Мариус Борг Хоиби е осомничен за едно кривично дело силување со сексуален однос и два случаи на обид за силување без сексуален однос.

Дополнително, тој е обвинет за четири дела сексуално навредливо однесување, како и за злоупотреба на девојка со која бил во врска. Дополнително, тој е осомничен за два случаи на нанесување телесни повреди, еден за оштетување на туѓ имот, еден за закана и пет прекршувања на забраната за приближување. Полицијата, исто така, наведува дека во еден случај навредил полицаец и дека сторил пет сообраќајни прекршоци.
Силувал ТВ водителка на забавата?
Да ве потсетиме дека на почетокот на годината беше обвинет за силување на ТВ-водителката Лини Мајстер (39).
Наводниот напад се случил во неговата кралска резиденција за време на „забава во подрумот на замокот“, а полицијата наводно има видео од нападот, објави Se og Hør. Водителката наводно не се сеќава на ништо и дознала за нападот дури откако била информирана за тоа од надлежните органи. Откако извештајот бил објавен, Лини се огласи на Snapchat за да каже дека сè е вистина.
Според локалните медиуми, Борг Хоиби наводно ја силувал Лини додека таа била во несвест. Полицијата дознала за наводното злосторство откако пронашла три видеа и повеќе од десет фотографии од нападот на неговиот лаптоп. Лини била информирана за нападот во полициската станица во Осло, каде што ѝ биле прикажани инкриминирачки докази.
Престојувал во центар за рехабилитација
Адвокатот на Лина, Џон Кристијан Елден, рекол: „Со вакви видови злосторства, овие ситуации се многу ретки и необични, но осомничениот има право да одбие да сведочи“. Во јануари, Борг Хоиби се вратил во Норвешка по престојот во центар за рехабилитација во Обединетото Кралство, каде што бил со својата нова девојка. Наводно, тој слегол од авионот во Осло со нова девојка, за која се вели дека долго време живеела во Лондон, пишува Дејли меил.