„Смртта трагично ни тропна на врата, ни ги одзеде нашите сакани син, брат и внук. Со длабока болка мораме да ја објавиме неговата смрт. Како семејство се соочуваме со тежок период додека се обидуваме да разбереме што се случило со ние и бараме време и простор да се собереме. Благодарни сме на сите служби за итна помош и на сите што беа присутни во неговите последни часови“, соопшти неговото семејство.
Раперот колабирал за време на настап на фестивалот „Ултра Јужна Африка“ во Јоханесбург. На видеото кое се појави на социјалните мрежи се гледа дека Коста паднал на бината и бил подигнат од некој кој стоел до него. Откако станал, поминале неколку секунди и раперот повторно колабирал.
Организаторите на фестивалот велат дека се скршени од смртта на младиот рапер. Велат дека бил талентиран рапер, пејач, танчер, текстописец и голем пријател на фестивалот.
Коста беше сензација во подем во Јужна Африка. Тој е роден во Нелспруит, на северо-источниот дел на Јужна Африка, и веќе имал успешна танцова кариера пред да стане рапер. Песната на Биг Флекс го направи ѕвезда низ Африка.
Младиот музичар потоа бил префрлен во болница, а немилиот настан ја вознемирил пошироката јавност.