26-годишен гостиварец лишен од слобода поради кокаин

by Тони Зографски

26-годишно момче од Гостивар е лишено од слобода, откако кај него бил пронајден кокаин, а во неговото „ауди“, полицијата пронашла предмети за кои постои сомнение дека се украдени.

„Полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово-Нaдворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар, вчера ( 4 февруари ) околу 15 часот, го лишиле од слобода 26-годишниот Х.С. од гостиварското село Речане, кај кого бил пронајден кокаин. Во неговото возило „ауди А 4“, нешто подоцна пронајдени се предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од извршени кражби. Х.С. задржан е во Полициската станица Гостивар, велат од МВР.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com