Американката Пејџи (25) призна дека се буди секое утро со нарушување стручно наречено парафилен инфантилизам. Ова нарушување ги тера луѓето како Пејџи на необичен фетиш – желба да живеат како бебе.
Пејџи се буди во лулка секое утро, сама си менува пелени, троши до 2.000 долари месечно и си игра со играчки. Таа пие млеко од шише, си го цица палецот, па дури има и цуцла и тропалче.
Пајџи на својот канал на ЈуТјуб го документира нејзиниот бизарен живот, и има 425 платени претплатници кои и ’помагаат финансиски да си купи се што и треба за да ги задоволи нејзините бизарни потреби. Девојката има цел да им помогне на луѓето како неа и вели дека сака да го надминат срамот што го чувствуваат сите оние со парафилен инфантилизам.
Таа започна јавно да го живее овој живот од мај 2018 година, а денес се однесува како бебе дури и во јавност. Чувствувала цел живот дека се разликува, а на 18-годишна возраст започнала да го истражува своето нарушување и открила дека има цела заедница на луѓе кои се борат со истото нарушување.
“Отсекогаш собирав играчки и имав детска смисла за хумор, затоа семејството и пријателите ме прифатија. Ако се однесувате како да не е голема работа, луѓето нема да ви посветат толку многу внимание”, призна Пајџеј, но истакна дека сè уште има негативен публицитет и се среќава со прекорувачки погледи.
Пејџеј има момче со кое е во врска веќе пет години. Таа вели дека тој ја поддржува во нејзините необични животни навики.