Грозоморен случај со киднапирање на 12-годишно девојче ја тресе Србија. Вчера полицијата и единиците на српската Жандармерија го опколија селото Орешац во потрага го осудуваниот силувач Нинослав Јовановиќ, за кој се смета дека ја киднапирал Моника Каримановиќ (12).
Нинослав, во Србија нарекуван Малчански Бербер, кој е веќе осудуван за силување на две 12-годишни девојчиња, ја киднапирал Моника во петокот во Суви Дол кај Ниш, а полицијата трага по него и верува дека девојчето ќе го пронајдат живо.
Директорот на полицијата Владимир Ребиќ синоќа изјави дека повеќе од повеќе 220 полициски службеници со кучиња и хеликоптери интензивно трагаат по Моника. Тој рече дека верува оти полицијата во најбрз можен рок ќе ја пронајде киднапираната Моника.
– Од моментот кога мајка ѝ го пријави нејзиното исчезнување, овој случај е апсолутен приоритет за МВР. Во потрагата се ангажирани припадници на повеќе различни единици, а притоа се искористени сите расположливи ресурси за да се пронајде Моника – истакнал Ребиќ.
Инаку, Нинослав Јовановиќ од 2006 до 2018 година бил во затвор, каде издржувал казна поради сексуални прекршоци, а полицијата само неколку дена по неговото излегување од затвор потвторно го уапсила, бидејќи на социјалните мрежи испраќал пораки со непримерни содржини.