22-годишен Македонец загина во сообраќајна несреќа во Грција

by Тони Зографски

22-годишно момче од Македонија загина во сообраќајна несреќа што се случила вчера во 6.30 часот по локално време на Халкидики, во Грција. Уште едно 21-годишно момче е повредено во сообраќајката и со скршена рака е сместено во болница. Според неофицијалните информации, и двајцата биле од Гевгелија.

Сообраќајката се случила на патот Полихроно-Ханиоти, кога сега починатото 22-годишно момче, од непознати причини, изгубило контрола над возилото и тоа се превртело, пренесува „Халкидикињуз“. Возачот бил на летување на Халкидики, загинал на самото место, а излетал низ шофершајбната.

Совозачот во автомобилот, 21-годишникот со повреди, е префрлен во болницата во Полигиро.

Истрага за несреќата води полицијата од Неа Мудања.

останати вести

Comments are closed.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com