Вчера поминаа 22 години од смртта на една од најомилените личности од британското кралско семејство, принцезата Дајана. Околу полноќ на 31 август автомобилот во кој се наоѓала принцезата Дајана, поради неприлагодена брзина и поради возачот кој бил во алкохолизирана состојба, се удрил во еден од столбовите во тунел во Париз. Во истиот момент загинале партнерот на Дајана, Доди Ал-Фајед и возачот Хенри Пол. Единствено телохранителот Тревор Рес-Џонс ја преживеал несреќата, додека Дајана загинала четири часа подоцна во болница.
Во минутите по несреќата, во полусвесна состојба на задното седиште, Џонс вели дека Дајана тивко го довикувала Доди. Таква ја снимиле и папараците кои ги следеле низ цел Париз.
Инаку, Дијана како девица се омажила за принцот Чарлс, а во нејзиниот љубовен живот имала седум партнери. Прв меѓу “седумте величенствени“ бил Оливер Хоаре чија афера била актуелна во 1992 години. Тој починал во 2018 години, на 73 години од рак. Потоа во животот на принцезата влегол полицаецот Бари Манаки кои бил во нејзиното обезбедување. Откако се откри аферата тој бил веднаш разрешен.
Од 1986 до 1991 Дајана била во врска со професионалниот јавач Џејмс Хјуит за кого се зборува дека е и татко на принцот Хари. Потоа во љубовниот живот на принцезата се редат Џејмс Гилби со кога сакала да избега, па професионалниот рагби играч Вил Карлинг кој бил оженет.
Претпоследниот љубовник во животот на Леди Ди бил докторот Хаснан Кан со кој сакала да се омажи и се смета за љубов на нејзиниот живот. Последниот во љубовниот живот на Дијана бил Доди Ал-Фајед кој загина во сообраќајната несреќа со неа.