Пред да се воведе било каква форма на полициски час како мерка со која се ограничува движењето на граѓаните, државата треба да одговори и да поработи барем на следните 21 критични точки во досегашното функционирање, предлага Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ преку својот Фејсбук профил.
Нема ЕПИДЕМИОЛОШКИ СИСТЕМ, се распадна, никој никого не анкетира (или го прави тоа после десетина дена), никој никого не информира, анализира и\или не се постапува по сето тоа…
ИЗОЛАЦИЈАТА не функционира, луѓето ги добиваат решенијата после десетина дена, никој не ги контролира, одат по пазари, маркети, комшии,…
Автобуси и ЈАВЕН ТРАНСПОРТ, тотален хаос, почнувајќи од ЈСП завршувајќи до последниот див таксист…
ХРОНИЧНО БОЛНИ, повеќе немаат никакви права на самозаштита како посебно ранлива група…
Редари и РЕДАРСКА СЛУЖБА во државни институции, не постојат…
ВАКЦИНИ, НЕМА! Тотална неспособност.
Складирање на КОРОНА ОТПАД, ниту некој спомнал, ниту некој помислил, ниту има програма, активности, ништо. Парковите ни се полни со маски.
ПОПИС, во време на пандемија… Најмалку што треба е вакцинација на попишувачи и редовни брзи тестови на секои 48 саати за сите што ќе попишуваат…
Скапи ЦЕНИ НА ТЕСТОВИ, за што државата не стори ништо…
Недостаток на БРЗИ РАПИД ТЕСТОВИ кои се користат низ Европа, ама кај нас не можете да ги најдете во аптеки, а таму кај што ги има ги кријат за да не ги казни државата штитејќи ја високата цена во приватните болници…
Одржување на ДРЖАВНИ НАСТАНИ надвор од протоколи како презентации, форуми, црвени ленти, судење, управни постапки со многу повеќе од 4 лица во затворен простор…
Нема стимулации и поддршка за ПРИМАРНОТО ЗДРАВСТВО, матичните доктори не се ни наградија за минатат година, напротив ги казнија од ФЗОМ заради прекумерно пишување рецепти (во време на пандемија)…
ПОСКАПЕНИ ЛЕКОВИ И ВИТАНИНИ, срамно и жално. Од Клексан (кој и не е можно да се најде, како да сме во Африка) до обични витамини…
ПОВЛАСТЕНИ КАФАНИ и кафичи кои на сметка на сите останати имаат право да ги кршат сите правила и протоколи…
Нема континуирана бесплатна кампања за ИНФОРМИРАЊЕ на јавноста за сите аспекти на пандемијата…
Нема БЕСПЛАТНИ МАСКИ како во голем број европски држави…
Почитување на јасни протоколи за ПРИВАТНИ И ЈАВНИ СОБИРИ на специфичен број на лица на отворено и затворено е реткост и никој не го контролира…
Неспроведување на мерка полициски час ЕДНАКВО НА ЦЕЛА ТЕРИТОРИЈА е јасно и видливо, не треба да се крие и негира. Ако има правила тие нека важат за сите, ако не подобро нека нема.
РАЗЛИЧЕН ТРЕТМАН на верските заедници во минатата година е видлива во скоро сите одлуки на Владата и постапки на МВР. Ова создава фрустрации и одбивност кон мерките и препораките. Не смее да се крие како фактичка состојба…
Нерегуларен влез на ГРАНИЦИТЕ како што имаат сите европски држави…
Див пазар со ФАЛЦ ПСР ТЕСТОВИ за што државата нема превземено никаква мерка за превентивно отстранување, а сите знаат каде се продаваат и прават.