Репрезентативецот Енис Барди за првпат во својата кариера го доби признанието за најдобар македонски фудбалер во странство. Барди е еден од најзаслужните за добрите настапи и пласманот на националната селекција во полуфиналето на новото УЕФА натпреварување Лигата на нациите.
Бесарт Ибраими од ФК Шкендија доби две награди: За најдобар фудбалер во Македонската фудбалска лига и најдобар стрелец. Напаѓачот на тетовци, сезоната 2017-18 ја заврши како најдобар стрелец со 23 гола. Капитенот на репрезентацијата Горан Пандев доби специјално признание за својот придонес во македонскиот фудбал.
Најдобар македонски фудбалер кој игра во странство: Енис Барди (Леванте)
Најдобар фудбалер во Македонската фудбалска лига (МФЛ): Бесарт Ибраими (ФК Шкендија)
Најдобар тренер: Ќатип Османи (ФК Шкендија)
Најдобар млад фудбалер: Енис Фазлгиќ (ФК Шкендија сега член на ФК Жилина од Словачка)
Најдобра фудбалерка: Александра Ристовска (ЖФК Тиверија)
Најдобар стрелец: Бесарт Ибраими (ФК Шкендија)
Најдобар стрелец во младински фудбал: Абдулхади Јахија (ФК Вардар)
Најдобар клуб во младинска конкуренција: ФК Шкендија
Најдобар тренер во младински фудбал: Беким Османи (ФК Шкендија)
Најдобар судија: Марјан Маркоски
Најдобар фудбалски работник: Кирил Гогов (ФК Кит-Го)
Најдобар тренер во женски фудбал: Илија Мандаров (ЖФК Драгон)
Најдобар стрелец во женски фудбал: Улса Максути (Асс Јунајтед)
Млада перспективна фудбалерка: Јана Чубриновска (ЖФК Атлетико)
Признание за развој на женскиот фудбал: Славе Велков
Најдобар тренер во футсал: Марјан Стефановски (КМФ Велес)
Најдобар фудбалер во футсал: Дарко Ранготов (КМФ Велес)
Фер-плеј екипа: ФК Шкендија
Специјално признание за својот придонес за мак – фудбалот: Горан Пандев (Џенова)
(Фото: Спорт1)