Клишина во моментов живе во Атланта и ги шокираше сите со нејзиното признание во разговор за медиумите.
„Може ли да замислите? Добив непристојна понуда пред помалку од шест месеци. Бев во шок. Немам навика да бидам безобразна, па веднаш ја одбив понудата. Меѓутоа, тој беше упорен. Ми кажа дека ќе заработувам по 200.000 долари месечно“, кажа Клишина.
Клишина се сети и на една фото-сесија за машки магазин во Русија, и тоа кога беше на почетокот на кариерата.
„Задоволна сум со своето тело. Немам од што да се срамам, но таа фото-сесија беше премногу за мене. Имам повеќе самодоверба со облека на себе. Меѓутоа ме прашаа да се соблечам и тоа беше јасен знак дека станува збор за нешто лошо“, призна атлетичарката.