Министерот за здравство Венко Филипче информира дека денешната бројка на заболени со коронавирус изнесува 26 лица. Позитивни се тестовите на 3 пациенти кои се тестирале на клиниката „Жан Митрев“ и во институтот за јавно здравје е потврден нивниот резултат.
Станува збор за пациенти од Скопје, неговите контакти се мапирани и се избработуваат тестови на членовите од семејството. Останатите двајца се фамилија сопружници кои биле во странство и дошле во нашата земја. Првиот пациент е сместен на клиниката, сопружниците во текот на денот ќе бидат префрлени на клиниката.
Вчера имаше уште една пациентка, пациентката од Холандија при што во тек е мапирање на оние коишто
“Епидемијата е во силен ек. Очекувано е да бројот на заболени во периодов што доаѓа да се зголеми. Останете дома, не се собирајте, не се групирајте, не контактирајте, не се задржувајте во маркетите, држете лична хигиена- апелира министерот Филипче и додаде:
“Целосно е спремен капацитетот во Инфективната клиника. И вториот кат е подготвен да ги прими сите пациенти кои ќе имаат потреба. Денеска бевме исконтактирани од кинеската амбасада кои кажаа дека има шанси да стигнат маски и материјали како помош од Кина, рече Филипче.
Ќе се зголеми бројот на автобуси во ЈСП во утринските и попладневните часови за да нема метеж во автобусите.
Од Италија и Австрија, преку Деве Баир ќе влезат околу 200 патници, кои ќе одат во групен карантин во касарната во Пепелиште, на Криволак.