Најмалку 200 доктори, медицински сестри и друг персонал, излегоа по ходниците и пред Клиничкиот центар во Подгорица за да го испратат на неговото последно патување митрополитот Амфилохије кој почина од Ковид 19.
Како што пишува „Побједа“, се бара одговорност од првите луѓе на Клинички центар, за овој неодговорен чин со кој ги довеле во опасност од зараза од Ковид 19 сите пациенти кои се лекуваат тука или кои дошле на преглед.
РТ Црна Гора пишува дека ВД директорката на Клиничкиот центар Црна Гора во Подгорица, д-р Данијела Раониќ била повикана во полиција да даде изјава во рамки на истрагата за масовно прекршување на мерките за зааштите од Ковид 19 за време на погребната церемонија на Амфилохије која траеше три дена.
Таа изјавила дека истиот ден кога тој починал, го повикала директорот на Интерната клиника, Сретен Кавариќ, кој ја известил дека од 200- до 300 вработени ги напуштиле своите работни места, голем дел од нив без никаква заштита и стоеле во поворка при изнесување на телото на Амфилохије.
На видеото се гледаат надреални сцени како цела поворка попови го изнесуваат ковчегот со митрополитот Амфилохије, а медицинскиот персонал ги симнува маските и се крстат.
Црна Гора сега е соочува со наплив на новозаразени од Ковид 19, а прогласени се остри мерки во Подгорица и неколку градови.
Од Ковид 19 се зарази и патријархот на СПЦ, Иринеј, кој цела ноќ бдееше над телото на Амфилохије, а и неговиот наследник во црквата во Црна Гора.