Британска туристка пријави дека била групно силувана од пет напаѓачи во популарното летувалиште Аја Напа на Кипар овој викенд. 20-годишната жртва вчера пријавила на кипарските власти дека била нападната од пет мажи во нејзиниот хотел во Фамагуста.
Кипарската полиција соопшти дека уапсила пет Израелци, тројца на возраст од 19 и двајца на возраст од 20 години, откако наводната жртва го опишала нападот и осомничените. Осомничените мажи денеска треба да се појават пред судот во Фамагуста.
Ова не е прв случај на групно силување на Кипар. Минатата година уште една британска државјанка ја доби жалбата за поништување на пресудата за лажење дека била групно силувана од 12 израелски туристи додека била на одмор на Кипар на 18-годишна возраст. Нејзините адвокати успеаја да докажат дека судијата ги игнорирал доказите од вештачењето и не и дозволил на жртвата да сведочи за силувањето.