Канадската шахистка Андреа Ботез ја доби титулата најсекси шахистка на светот откако привлече внимание со провокативните фотографии кои ги споделува на социјалните мрежи.
Андреа има над половина милион следбеници на Инстаграм, додека на лајвстрим сервисот „Twitch“, нејзиниот канал „BotezLive“ има повеќе од 1 милион претплатници.
Згодната шахистка неодамна се „испробала“ и во шаховски бокс, комбинација од овие два спорта, во кој натпреварувачите започнуваат со 3-минутен бокс, а потоа играат 3-минутна партија шах.
Во декември минатата година, партијата шах помеѓу Андреа и женската велемајсторка Дина Беленкаја онлајн ја следеле над 300.000 луѓе, а Ботез загуби со шах-мат.
Оваа девојка започнала да игра шах на 6 години, следејќи ги стапките на својата сестра Александра Ботез, која ја споредуваат со протагонистката од серијата „Queen’s Gambit“. Александра има 6 титули на државен првак и ја носи титулата ФИДЕ мајстор на Меѓународната шаховска федерација. Нејзината сестра Андреа на само 13 години стана женски првак на Британска Колумбија во шах во 2015 година.
Нејзината страст кон шахот продолжила да постои и кога семејството се вратило во Тексас. На 15 години го освоила националното првенство во САД за девојчиња до 18 години.
Ботез дипломирала меѓународни односи на Универзитетот Стенфорд во 2017 година и стана првата жена претседателка на шаховскиот клуб на Стенфорд.