Во Арачиново 20 години не се наплаќа данок на имот. Од 1996 година 6 градоначалници ја воделе ова општина и досега никој не успеал да воведе софтер за наплата на данокот.
Градоначалниците со кои контактирале „Алсат“, изјавиле дека кога го добиле мандатот не нашле инсталиран софтвер, додавајќи дека „како што нашле, така и оставиле“.
Според податоците на Заводот за статистика, добиени од пописот на населението во 2002 година, во Арачиново се регистрирани 2442 куќи. Арачиново е една од најзадолжените општини, а Владата неколкупати интервенираше од буџетот за враќање на долговите. Од Владата не посочуваат дали побарале одговорност од општините кои трупаат долгови.