Министерот за здравство на својот фејсбук профил соопшти дека бројката на ново-заболени до 10.00 часот, денеска, е 19, а вкупната бројка на заболени во земјата е 67.
Во соопштението стои дека вчера попладне и во текот на ноќта преку Институт за јавно здравје на коронавирус биле тестирани 71 лице, од нив 2 лица позитивни на вирусот, едно лице од Скопје – контакт на веќе потврден и дијагностициран пациент од Скопје и едно од Охрид – дојдено од Бреша, Италија кое било во контакт со потврдени и заболени пациенти од коронавирус во Италија.
Најголем дел од тестирањата направени преку ИЈЗ се во рамките на раниот скрининг, кај лица со поширока индикација.
На клиниката „Жан Митрев“ се тестирани и позитивни на вирусот уште 17 пациенти, кои ќе бидат потврдени во текот на денот.
Со ова, бројката на ново-заболени до 10.00 часот е 19, а вкупната бројка на заболени во земјата е 67.