Почина најмладиот пациент во ковид-центарот во Битола, 19-годишната пациентка од Битолско, која се водеше како суспектна на коронавирус, но не беше тестирана, пренесува порталот СДК.
“Девојчето почина неколку часа по приемот, беше донесена во екстремно тешка состојба, почина пред да биде земен брис и не е во ковид позитивните починати, вели директорката на Битолската болница, Билјана Гагачовска за СДК.
Постмортем брисеви не се земаат веќе една година, па починатата не е во евиденцијата на лица кои умреле од Ковид-19. Девојката била со Даунов синдром.