Мајкл Овен е големо име во светскиот фудбал. Тој ги носеше дресовите на Ливерпул, Реал Мадрид, Њукасл, Манчестер Јунајтед и Стоук, па нема фудбалски фан кој не знае за еден од најдобрите стрелци во историјата на англиската репрезентација.
Пензионираниот фудбалер кој моментално се занимава со одгледување на коњи и коментирање фудбалски натпревари, се најде во центарот на вниманието на Островот, и тоа пред сè поради својата ќерка Џема.
Џема е учесничка во реалното шоу „Love Island“ кое е познато по експлицитните сцени, а Овен јавно признал дека не е баш воодушевен од одлуката на својата ќерка да учествува во истото.
Неодамна неговата 19-годишна ќерка отишла чекор понатаму. Во епизодата која се емитувала во вторникот, членовите на шоуто учествувале во игра во која целта била да постигнете поголем број отчукувања на срцето од вашиот противник. Џема, за таа задача, облечена во мрежести чорапи, црна танга, кроп топ и црвени високи потпетици, играла во скут на секој од машките натпреварувачи.
По епизодата, не се чекаше долго на реакција од нејзиниот татко. Имено, Мајкл објавил на Твитер само еден емотикон со кој покажал дека се срами.
Сепак, иако пред почетокот на реалното шоу порачал дека учеството на Џема во него е „веројатно најлошата ноќна мора за еден татко“, Овен ја поддржува и воедно ја брани ќерка си од оние кои зборуваат дека е премлада за да се појави во емисија од ваков тип.