Диор ја избра Дева Касел за свој нов меѓународен амбасадор за мода и шминка.
„Отсекогаш сум имала огромна почит за модната куќа Диор. Женствениот и префинет имиџ што тие го пренесуваат отсекогаш ме тераше да сонувам“ – рече Дева.
Родена во Рим 2004 година, Дева Касел пораснала и во Франција и Бразил. Затоа зборува пет јазици. Таа почна да се занимава со манекенство на 15-годишна возраст појавувајќи се на насловните страници на списанијата и шетајќи на модните писти за време на многубројни модни недели.
Дева, покрај манекенството, не го запоставува ниту актерството. Таа доби улога во серијата „Леопард“ на „Нетфликс“, која пристигнува во септември. Станува збор за серија инспирирана од италијанскиот филмски класик во режија на Лучино Висконти, кој го освои „Златниот лав“ во 1963 година. Дева ќе ја игра Анџелика Седара.