185 нови случаи на Ковид-19, починаа 5 лица

by Тони Зографски

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:

Направени се 892 тестови, а регистрирани се 185 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 96, Битола – 13, Берово – 8, Кавадарци – 7, Делчево – 6, Куманово, Тетово, Гостивар и Штип – по 5, Прилеп, Охрид и Кичево – по 4, Кочани , Ресен, Свети Николе и Крива Паланка – по 3, Велес и Гевгелија – по 2, Струмица, Неготино, Валандово, Пробиштип, Кратово, Богданци и Македонски Брод – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (185), регистрирани се 55 реинфекции.

Регистрирани сe 307 оздравени пациенти од: Скопје – 157, Куманово – 21, Битола – 20, Велес – 15 , Делчево – 13,  Прилеп – 11,Тетово  – 9, Кочани – 8, Крива Паланка – 7, Берово и Кавадарци  – по 5, Гостивар, Штип, Охрид, Гевгелија и Неготино – по 4,Богданци – 3, Кичево, Ресен, Струмица, Дебар и Крушево – по 2, Струга, Радовиш и Демир Капија – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа пријавено е едно починато лице, од Скопје (74г). Лицето е починато во болнички услови. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин  регистрирани се 4 лица, по едно лице од Битола, Ресен, Радовиш и Охрид, починати во период од 03.08.2022 до 25.08.2022 година. Починаите се на возраст од 73 – 82 години. Две лица се починати во болнички услови и две во домашни услови.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com