Човечкото тело никогаш не престанува да не воодушевува, и без разлика колку е напредната медицината, многу делови од нашето тело, особено мозокот, сè уште не се целосно истражени.
Поради оваа причина, одвреме-навреме дознаваме за некои бизарни особини на поединците кои се многу изненадувачки, како што е неможноста да се јаде одредена храна или, како во овој случај, изненаден оргазам.
Имено, 30-годишната Кара Енаја од САД „трпи“ и до шест часа сексуална возбуда дневно, а кога има, како што вели, лош ден, за само два часа доживува повеќе од 180 оргазми.
Кара боледува од ретко неизлечиво пореметување кое и е дијагностицирано пред три години: тоа е речиси постојано сексуално возбудување кое води до спонтани оргазми.
Лекарите никако не можат да и помогнат, а таа доживува оргазам во најчудните моменти – во супермаркет, додека детето го носат на училиште, додека трча, готви ручек.